• вторник, 05 ноември 2024

Си вели дека ќе работи со Египет за да помогне во стабилизирањето на Блискиот Исток

Си вели дека ќе работи со Египет за да помогне во стабилизирањето на Блискиот Исток

Пекинг, 19 октомври 2023 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг го известил египетскиот премиер дека Пекинг се надева оти ќе работи со неговата земја за да донесе „повеќе стабилност“ на Блискиот Исток, јавија државните медиуми.

Кина е подготвена да ја зајакне соработката со Египет... и да внесе поголема сигурност и стабилност во регионот и светот, нагласил Си во разговор со Мостафа Мадбули на состанокот во Пекинг, јави државната телевизија.

-Кина и Египет се добри пријатели и делат исти цели и си веруваат. Во моментов, меѓународната ситуација минува низ сложени промени, а светот доживува брзи промени невидени цел век, додал Си. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан