• четврток, 26 март 2026

Телефонски разговор Радев - Сиљановска Давкова

Телефонски разговор Радев - Сиљановска Давкова

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји. 

- Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан