• понеделник, 01 јули 2024

Сиљановска Давкова ќе се сретне со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Сиљановска Давкова ќе се сретне со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе има средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Сиљановска Давкована денеска ќе го прими и амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри.

Гир и Силвестри по претседателките избори и ја честитаа победата на Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа и на нејзината инаугурација во Собранието.

Гир во честитката до Сиљановска - Давкова искажа очекувања „за тесна соработка за европската иднина на земјата“.

Силвестри, пак, покрај неговата лична, ја пренесе и честитката од италијанскиот претседател Серџо Матарела, во која се истакнува „заедничкото членство во НАТО и интензивната соработка што ги обединува Италија и Северна Македонија, како и надеж дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување во Европската унија со обновена посветеност од сите национални институции“. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан