Сиљановска Давкова: Пржинската влада треба биде укината, не обезбедува фер и демократски избори
- Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да би
Скопје, 27 јануари 2022
Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне, изјави во „Вин вин“ на Телма професорката и пратеничка Гордана Сиљановска Давкова при што потенцираше дека како држава која претендира да биде дел од ЕУ треба расчисти со ваквите слаби механизми за кои се покажа дека власта ги злоупотребува.
За држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, треба да биде пристојна држава, а држава со вакви механизми е слаба држава во која има опасност од злоупотреба на статусот на владејачката партија, сетете се само на случајот со министерката Рашела Мизрахи иако невозможно е да смените технички министер бидејќи тоа беше резултат на одредбите, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека треба да ставиме крај на Пржинска влада која беше само за 2016 година и за да имаме пристојна влада и за да ги имаме роковите од уставот, да речеме надминавме една фаза и еве сме поблиску.
Сиљановска Давкова посочи дека Пржинската влада мора да биде укината во Парламентот и конечно да почне да се следат препораките на Венецијанската комисија за Изборниот законик.
Во врска со прашањето за една изборна единица кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка, додека СДСМ бега, таа потсети на зборовите на Зоран Заев кој го вети тоа.
- Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила, една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии, рече таа.
Сиљановска Давкова во врска со прашањето за една изборна единица посочи дека сепак кога има пропорционален изборен систем има и праг.
- Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, изјави Сиљановска Давкова.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки