Сиљановска-Давкова учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“.
Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“.
Во фокусот на годинашниот состанок, како што соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе бидат неколку теми: европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.
Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“ се состануваат најмалку еднаш годишно, се вели во соопштението.
Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ. ац/
Фото: МИА архива