• петок, 05 декември 2025

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Бангладеш

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Бангладеш

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Народна Република Бангладеш, со седиште во Букурешт, Шахназ Гази.

Сиљановска-Давкова, како што инфомира нејзиниот Кабинет, очекува проширување, јакнеење и продлабочување на меѓусебната соработка. Таа укажа на потребата од зголемување на економската и трговска размена, како и намалување на хроничниот дефицит на македонска страна.

Претседателката, исто така, упати на поголема соработка меѓу стопанските комори во Скопје и во Дака, како и на потребата од креирање правна рамка за регулирање на соработката.

Амбасадорката Гази ја релативизираше географската оддалечeност, истакнувајќи ја важноста на почитувањето на суверенитетот, соживот во мултикултурниот амбиент и силната верба во мултилатерализмот во меѓународните односи.

Таа високо ја цени македонската посветеност на мирот, како и нашата проактивна улога во поттикнувањето соработка и стабилност на Балканот, поздравувајќи го ангажманот во НАТО и посакувајќи ни членство во ЕУ.

Сиљановска-Давкова изрази увереност дека со своето богато дипломатско искуство, амбасадорката Гази, ќе даде значаен придонес во интензивирање на соработката, посакувајќи и успешен мандат и ветувајќи нејзина целосна поддршка. мч/сст/

фото: Кабинетот на претседателот на државата

Остани поврзан