Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген
- Националните интереси на Романија и Унгарија се совпаѓаат во однос на целосното пристапување на земјата во Шенген зоната, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на прес-конференција во романскиот град Миеркурија Чук.

Букурешт, 15 ноември 2024 (МИА) - Националните интереси на Романија и Унгарија се совпаѓаат во однос на целосното пристапување на земјата во Шенген зоната, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на прес-конференција во романскиот град Миеркурија Чук.
„Мораме да направиме се што е можно Романија конечно да влезе во Шенген зоната како полноправна членка. Овде зборуваме за прашање каде што се поклопуваат националните интереси на Романија и Унгарија, односно на двата народи. Поради оваа причина, ќе сториме се што е можно, ќе мобилизираме сè и ќе се обидеме да ги убедиме сите во следните два месеца за конечно да може Романија да влезе во Шенген зоната, рече Сијарто.
„Наш интерес е животот на заедниците од двете страни на границата да бидат што посилно поврзани, за што ни е потребен статус за членство во Шенген“, додаде тој.
Темата за Шенген беше разгледана и на форумот во Миеркурија Чук, на кој шефот на унгарската дипломатија учествуваше заедно со лидерот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Келемен Хунор. паг/
Фото: ЕПА