• петок, 22 ноември 2024

Ситуацијата во Оренбург и натаму критична по поплавите

Ситуацијата во Оренбург и натаму критична по поплавите

Москва, 7 април 2024 (МИА) - Ситуацијата во Оренбург останува „критична“ по поплавите, а нивото на водата ќе продолжи да расте во наредните денови, изјави градоначалникот на рускиот град Сергеј Салмин, цитиран од руските медиуми.

-Од денеска, 7 април, состојбата со поплавите останува критична. Водата постојано доаѓа и во наредните денови нејзиното ниво уште повеќе ќе се покачи, напиша тој на Телеграм.

Градоначалникот додаде дека прекините на струја ќе продолжат во подрачјата под вода.

-Ако тоа се случи, веднаш евакуирајте се. Земете документи, скапоцености со себе и напуштете го вашиот дом, повика Салмин.

Регионот Оренбург во планината Урал, заедно со другите соседни руски региони и делови од соседен Казахстан, беа поплавени од големи поплави долж реката Урал во последните денови, што предизвика евакуација на најмалку 2.000 луѓе.

-Ситуацијата (продолжува да) се развива, таа е комплицирана, рече заменик министерот за вонредни состојби, Илја Денисов.

Во петокот пукањето на браната во Орск, многу блиску до границата со Казахстан, предизвика пораст на нивото на водата, во комбинација со топењето на снегот на планините, што е карактеристично за овој период од годината во многу руски региони. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан