• петок, 22 ноември 2024

Сити му нуди нов договор на Гвардиола

Сити му нуди нов договор на Гвардиола
Манчестер, 13 јули 2020 (МИА) - Прославата во Манчестер Сити не запира откако клубот ја „победи“ УЕФА на теренот во Лозана и ќе продолжи да учествува на европските натпреварувања следната сезона. Новата голема вест за навивачите е дека „граѓаните“ му понудија на менаџерот Пеп Гвардиола нов договор. Деталите за споменатиот договор сè уште не се познати, единствено што се знае е дека Манчестер Сити му нуди на Каталонецот двегодишен договор. Пеп Гвардиола е еден од најплатените тренери на денешницата, а во последната сезона од неговиот тековен договор, ќе земе неверојатни 20 милиони фунти. Очигледно е дека премногу богатите сопственици на второпласираниот тим во Премиер лигата решија да му понудат уште подобри услови само за да остане на „Етихад“. Да потсетиме, главната цел на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола е да ја освојат Лигата на шампионите, а тие би можеле да го постигнат тоа веќе оваа сезона. Засега тие стигнаа до осминафиналето, каде во првиот натпревар го совладаа Реал Мадрид (2:1).

Тагови

Остани поврзан