• петок, 05 декември 2025

Сити и Јунајтед го сакаат потписот на Павловиќ од Баерн

Сити и Јунајтед го сакаат потписот на Павловиќ од Баерн


Минхен, 4 октомври 2025 (МИА) – Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за фудбалерот на минхенски Баерн, Александар Павловиќ, објави денеска весникот „Билд“, додавајќи оти играчот од средниот ред е заинтересиран за сличен развој на кариерата.
Гигантите од Манчестер се заинтересирани за 21-годишниот Германец уште од летото, а според весникот, англиските клубови веќе воспоставиле контакт со претставниците на играчот.
Павловиќ е производ на младинската академија на Баерн Минхен, а сезонава досега одигра седум натпревари за лидерот во Бундеслигата, постигнувајќи еден гол.
Вредноста на Павловиќ на трансфер пазарот се проценува на 55 милиони евра. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан