• вторник, 24 декември 2024

Сити дава 80-85 милиони евра за Гвардиол, Лајпциг бара 100 милиони плус бонуси

Сити дава 80-85 милиони евра за Гвардиол, Лајпциг бара 100 милиони плус бонуси

Манчестер, 17 јуни 2023 (МИА) - Манчестер сити е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиола.

 

Новинарот на „Sky Sport Deutschland“, Филип Хинзе, пишува дека Сити е блиску до вербален договор со Хрватот.

 

Манчестер сити во наредните денови ќе подготви понуда од околу 80-85 милиони евра. Од друга страна, германскиот клуб бара 100 милиони евра и бонуси. 

 

Новинарот Флоријан Плетенберг додава дека Хрватот ќе има ослободителна клаузула од 110 милиони евра во летото 2024 година, но Јошко сака да го смени клубот ова лето.

 

Јошко Гвардиол минатата сезона забележа 41 настап за Лајпциг во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан