• недела, 22 декември 2024

Сите новозапишани првачиња во Виница ќе добијат еднократна парична помош од Општината

Сите новозапишани првачиња во Виница ќе добијат еднократна парична помош од Општината

Виница, 23 август 2024 (МИА) – Сите ученици во основните училишта во Виница кои во претстојната учебна година првпат ќе посетуваат настава во прво одделение ќе добијат еднократна парична помош од буџетот на Општината.

Едногласна поддршка на одлуката дадоа членовите на Советот на Општина Виница на денешната редовна седница, со што семејствата на првачињата ќе добијат по три илјади денари.

-Претходно комисиски ја разгледавме оваа одлука и ставот со пет гласа „за“ е семејствата кои имаат запишано прваче во учебната 2024/2025 година да добијат еднократна помош. Притоа, барем едниот родител на ученикот треба да е жител на општина Виница, истакна Александар Јованов, претседател на
општинската Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

За реализирање на одлуката наменски се обезбедени околу 300 илјади денари во Буџетот за оваа година, а за да ја добијат паричната помош, родителите на првачињата ќе треба да поднесат писмено барање.

Доделувањето еднократна парична помош ќе се реализира втора година по ред, иако иницијативата за неа пред Советот на Општина Виница беше поднесена порано. Тогаш немаше испланирани буџетски средства, а одлуката се одложи за наредната учебна година. та/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан