Системски решенија за решавање на сообраќајниот метеж во Куманово, најави независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски-Диро
- Системски и одржливи решенија со вклученост на стручни лица за решавање на сообраќајниот метеж, најави на денешната прес-конференција, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски – Диро. Тој истакна дека еден од приоритетиte во неговата програма е решавањето на сообраќајниот хаос во центарот на градот, за кој, како што истакна, е резултат на „популистички и нефункционални решенија донесени без стручни консултации“.
Куманово, 28 октомври 2025 (МИА) - Системски и одржливи решенија со вклученост на стручни лица за решавање на сообраќајниот метеж, најави на денешната прес-конференција, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски – Диро. Тој истакна дека еден од приоритетиte во неговата програма е решавањето на сообраќајниот хаос во центарот на градот, за кој, како што истакна, е резултат на „популистички и нефункционални решенија донесени без стручни консултации“.
- Во Куманово имаме семафори што не функционираат повеќе од осум години и создаваат дополнителен метеж, додека кружниот тек на влезот од градот овозможува наплив на протокот на возила кон центарот на градот. Потребни се системски решенија донесени од стручни сообраќајни инженери, а не импровизации според волјата на поединци, изјави Стојковски.
Независниот кандидат вети и неколку катни гаражи, со што ќе се олесни протокот на сообраќајот во центарот на Куманово и кон клучните институции и установи и „исправање“ на системот за наплата на паркирање.
-Мора да бидеме свесни дека квалитетна услуга не може да се обезбеди без соодветен систем на наплата и управување, нагласи кандидатот.
Стојковски на прес-конференција зборуваше и за поставувањето на „бекатон“ во одредени делови од градот, за кои исто така кажа дека „даваат фантастичен, политички резултат“, нагласувајќи дека и таму треба системско решение, а не брзи и краткорочни решенија.
- Со вакви мерки само го забрзуваме заминувањето на младите од Куманово кон Табановце и скопскиот аеродром, изјави Стојковски.
Во програмата Стојковски кажа дека е опфатено и затворање на централното градско подрачје, со системски пристап, анкети со граѓаните, вклучување на сообраќајни инженери и професионалци во различните фази на донесување на одлуките. ам/сст/
Фото МИА