Сиси: Египет нема да учествува во раселување на Палестинците
- Египет нема да учествува во раселувањето на Палестинците, што би било „чин на неправда“, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси
Вашингтон, 29 јануари 2025 (МИА) – Египет нема да учествува во раселувањето на Палестинците, што би било „чин на неправда“, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.
Тој посочи дека Каиро ќе работи со американскиот претседател Доналд Трамп за да се постигне мир меѓу Израел и Палестинците врз основа на решение за две држави.
Изјавата на Сиси е реакција на идејата на Трамп за Палестинците од Појасот Газа да бидат преселени во арапските држави односно во Египет и Јордан. ми/
фото: МИА архива