• четврток, 26 декември 2024

Сириските бунтовници ја ограбија и уништија резиденцијата на Башар ал Асад

Сириските бунтовници ја ограбија и уништија резиденцијата на Башар ал Асад

Дамаск, 8 декември 2024 (МИА) - Сириските бунтовници во напуштената резиденција на сирискиот претседател Башар ал Асад, ја пронајдоа неговата колекција луксузни автомобили, објави лондонски „Телеграф“.

На видеата објавени на платформата „Икс“ може да се забележат борци и цивили како влегуваат во напуштената претседателска палата, ги ограбуваат работите на Асад и се сликаат на неговата маса.

На снимката се гледа дека во просториите на претседателската палата останал малку мебел, а портретот на Асад е фрлен на подот.

Видлив е и голем хангар исполнет со автомобили вредни милиони евра, вклучувајќи „Ферари“, „Астон Мартинс“, „Ролс Ројс“, „БМВ“ и „Мерцедес“.

Претседателската палата вклучува три шесткатни згради со вкупна површина од 510.000 квадратни метри. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан