• петок, 22 ноември 2024

Сирил Рамафоса: На состанокот во Јужна Африка ќе присуствуваат претседателите на сите земји-членки на БРИКС

Сирил Рамафоса: На состанокот во Јужна Африка ќе присуствуваат претседателите на сите земји-членки на БРИКС

Јоханесбург, 14 јули 2023 (МИА) - Претстојниот самит на БРИКС во Јужна Африка ќе се одржи со физичко присуство и на него ќе учествуваат претседателите на сите пет земји-членки на организацијата, изјави јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса.

„Имаше гласини дека самитот ќе се одржи онлајн - нема да биде така. Се ќе биде лице в лице, очи в очи. Ќе присуствуваат неколку шефови на држави. Важно е дека на форумот ќе бидат присутни лидерите на петте земји членки на БРИКС“, изјави Рамафоса на состанокот на Бизнис советот на БРИКС во Сандтон, Јоханесбург, поради информациите за тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот во Јужна Африка.

Откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење, се зборуваше дека средбата може да биде виртуелна. На самитот се очекува да присуствуваат најмалку 22 шефови на држави.

На 11 јули, портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, рече дека Кремљ сè уште не одлучил дали Путин лично ќе присуствува на самитот на БРИКС или ќе учествува во друг формат.

Меѓународниот кривичен суд на 17 јули издаде налог за апсење на Путин и на рускиот омбудсман за правата на децата, Марија Лвова-Белова, под обвинение за „незаконска депортација“ на украински деца. Коментирајќи ја оваа одлука, Песков изјави дека Москва не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пак, повикувајќи се на информациите добиени од Хаг, изјави дека одлуките на МКС немаат никакво значење за Русија и дека какви било налози за апсење се правно неважечки.

БРИКС ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Самитот ќе се одржи во Јоханесбург од 22 до 24 август. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан