• недела, 22 декември 2024

Сирењето благотворно за црниот дроб

Сирењето благотворно за црниот дроб
Москва, 21 јуни 2022 (МИА) - Сирењето го спречува таложењето маснотии во клетките на црниот дроб. Според стручњаците, само 50 грама дневно може да го излечи црниот дроб, пишува „Ворлд плус“. Според руската нутриционистка Нурија Дижанова, за да се спречи и намали таложењето маснотии, доволно е да се вклучите свежото сирење во исхраната. Таа вели дека аминокиселината метионин, што се наоѓа во овој млечен производ, го ослободува црниот дроб од вишокот маснотии. - Домашното сирење, особено младото сирење има една од најдобрите комбинации на хранливи материи, вклучително и метионин. Оваа аминокиселина многу добро делува на црниот дроб, помага практично при сите болести на овој орган. Мислам дека метионинот помага и да се намали количината маснотии во црниот дроб. Од научен аспект можеме да кажеме дека свежото сирење го подобрува метаболизмот на клетките на црниот дроб, појасни Дижанова. За да се постигне лековито дејство, неопходно е да се јадат најмалку 50 грама младо сирење дневно, смета таа. - Минималната количина свежо сирење што просечниот човек треба да ја има во дневното мени е 50 грама. Кај мажите оваа бројка е малку поголема бидејќи и тие се „поголеми“... За појадок се доволни 50 грама, но ако го консумирате за ручек или вечера, тогаш доволни се 100 грама, советува нутриционистката. Дижанова вели дека сирењето може да се додава во секое јадење, но има разлика во „дозите“. си/сд/

Остани поврзан