• недела, 22 декември 2024

Синот на Џозеф Бајден обвинет на федерално ниво поради нелегално поседување оружје

Синот на Џозеф Бајден обвинет  на федерално ниво поради нелегално поседување оружје

Вашингтон, 14 септември 2023 (МИА) - Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, денеска беше обвинет на федерално ниво за нелегално поседување оружје.

Хантер Бајден е обвинет пред федералниот суд во Делавер дека лажел за неговата употреба на дрога за време на купувањето пиштол во 2018 година, велејќи дека не страдал од зависност. Тој претходно во тој период призна дека се борел со зависност од кокаин.

Обвинението против Хантер Бајден (53) претходно беше дел од спогодбата за признавање вина во која беше вклучено и тој да се изјасни за виновен за даночни прекршоци, но тој договор пропадна за време на судското сослушување во јули кога судијата покрена прашања за невообичаените услови на договорот.

Новото обвинение доаѓа додека републиканците во Конгресот започнаа истрага за импичмент на претседателот Бајден поради врските со контроверзните надворешни работи на неговиот син. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан