Синот на Трамп, Дон Јуниор позитивен на коронавирус
- Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор е позитивен на коронавирусот, потврдил портпаролот на семејството.

Вашингтон, 21 ноември 2020 (МИА) - Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор е позитивен на коронавирусот, потврдил портпаролот на семејството.
“Дон има позитивен тест од почетокот на неделава и тој е во карантин. Целосно е асимптоматски и ги почитува сите препораки”, изјавил портпаролот.
Претседателот на САД и првата дама Меланија Трамп беа заразени со вирусот на почетокот на октомври. паг/