• понеделник, 23 декември 2024

Синиша Михајловиќ има коронавирус

Синиша Михајловиќ има коронавирус
Болоња, 23 август 2020 (МИА) - На последниот тест, српскиот тренер Синиша Михајловиќ се тестираше позитивно за коронавирусот, објави неговиот клуб Болоња во неделата. Михајловиќ во петокот се врати во Болоња, а потоа веднаш беше тестиран за вирусот. Тестот на српскиот селектор беше позитивен, а тој во моментов нема симптоми и ќе биде во изолација наредните две недели, што го наметнува правилото во Италија. Михајловиќ спаѓа во групата на ризични затоа што со месеци се бори против леукемијата, која му е дијагностицирана пред една година. И покрај тоа, Синиша продолжи да ја извршува функцијата на тренер на Болоња, која го поддржуваше во тешка ситуација, а клубот играше многу добро и беше безбеден на средина на табелата.

Остани поврзан