• вторник, 18 март 2025

Синер се изедначи со Мареј по број на недели како прв светски рекет

Синер се изедначи со Мареј по број на недели како прв светски рекет

Париз, 18 март 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја започна 41-та недела како светски тенисер број еден.

Синер го достигна британскиот тенисер по поминати последователни недели на врвот на АТП ранг-листата.

На рангирањето по две недели, Синер ќе ги загуби 1.000 бодови освоени минатата година на Мастерсот во Мајами, но дури и ако светскиот рекет број два Александар Зверев ја освои титулата, Италијанецот ќе има предност од 1.785 поени.

Италијанецот се искачи на 14.место на вечната листа на тенисери со најмногу недели на врвот на АТП. Убедливо на првото место е Новак Ѓоковиќ (Србија) со 428, пред Роџер Федерер (Швајцарија) со 310, Пит Сампрас (САД) е трет со 286. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан