• сабота, 13 декември 2025

Синер прв финалист на турнирот во Пекинг

Синер прв финалист на турнирот во Пекинг

Пекинг, 30 септември 2025 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер го денес го победи Австралиецот Алекс Де Минаур со 6:3, 4:6 и 6:2 во полуфиналето на турнирот во Пекинг.

Натпреварот траеше 2 часа и 22 минути. 

Дваесет и четиригодишниот Италијанец постигна седум аса и реализираше три од седум брејк топки.

Во финалето, Синер ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Данил Медведев (Русија) и Тинг Лернер (САД).

Наградниот фонд на турнирот во кинескиот главен град изнесува четири милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан