• среда, 15 мај 2024

Синер го победи Де Минаура во финалето на Мастерсот во Торонто

Синер го победи Де Минаура во финалето на Мастерсот во Торонто

Торонто, 14 август 2023 (МИА) - Италијанецот Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс Де Минаура во финалето на турнирот од серијата Мастерс во Торонто со 2:0, по сетови 6:4, 6:1. Мечот траеше 1 час и 30 минути.

 

Осмиот светски рекет Синер сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше пет од 10 брејк топки. Де Минаура кој е 18-та на АТП-листата имаше еден ас, една двојна грешка и две од четири реализирани брејк топки.

 

За 21-годишниот Синер ова е прв трофеј во кариерата на Мастерс 1000. Претходно, тој двапати загуби во финалињата - Мајами 2021 година (пораз од Хуберт Хуркач (6:7 (4:7), 4:6) и Мајами 2023 година (пораз од Данил Медведев (5:7 и 3:6).

 

Турнирот во Канада се играше за награден фонд од 6,6 милиони долари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан