Синер го доби првиот натпревар на Австралија Опен 2025
- Првиот светски рекет, Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија Опен во 2025 година.
Мелбурн, 13 јануари 2025 (МИА) – Првиот светски рекет, Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија Опен во 2025 година.
На стартот на турнирот Италијанецот го победи чилеанскиот тенисер Николас Жари за 2 часа и 42 минути со 7:6 (7:2), 7:6 (7:5) и 6:1.
Синер сервираше седум асови, направи една двојна грешка и реализира две брејк топки од пет шанси. Неговиот противник имаше 13 аса, четири двојни грешки и ниту една конвертирана брејк топка од можни две.
Следен противник на Синер ќе биде победникот од мечот меѓу Тристан Школкејт (Австралија, СП) и Таро Даниел (Јапонија).
Вкупен награден фонд на Гренб слемот во Мелбурн изнесува 59,9 милиони долари. зс/
Фото: ЕПА