• сабота, 23 ноември 2024

Синер воздржан пред почетокот на турнирите на земјена подлога

Синер воздржан пред почетокот на турнирите на земјена подлога

Рим, 2 април 2024 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер стравува дека може да се соочи со проблеми за време на земјената сезона.

- Сега се наближува сезоната на земјена подлога каде што работите обично не ми успеваат. Па ќе видиме што можам да направам оваа година. Немам многу време да се адаптирам. Секако, главната цел е „Ролан Гарос“, но се обидувам да направам бавни чекори кон овој турнир. Ќе се обидам да го одиграм најдобро што е можно. Но, прво ќе одам во Рим, ова е многу важен турнир за мене. Чувството да играш пред домашна публика е секогаш неверојатно, изјави Синер.

На 31 март, Синер го освои турнирот во Мајами, победувајќи го бугарскиот претставник Григор Димитров во финалето. 

На најновата АТП ранг листа, 22-годишниот италијански тенисер се искачи на второто место, престигнувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз.

Првиот турнир на земјена подлога започна вчера, а главниот турнир, Грен слемот во Париз ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан