• четврток, 25 јули 2024

Синдикатот на полиција го честита Денот на жената 8 Март

Синдикатот на полиција го честита Денот на жената 8 Март
Скопје, 8 март 2021 (МИА) - Меѓународниот ден на жената кој секоја година се празнува на 8-ми Март, претставува симбол на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, се наведува во честитката на Синдикатот на полицијата по повод 8 Март Денот на жената.
Синдикатот на полиција наведува дека овој ден се одбележува како оддавање почит на вложениот напор на жените за својата еманципација и извојување на еднаквост на половите иако оваа борба во некои земји сеуште трае.
Синдикат на Полиција во Македонија на сите припаднички на понежниот пол во Министерството за внатрешни работи им го честита 8-ми Март „Денот на жената“, стои во честитката на Синдикатот на полиција. нд/

Остани поврзан