• петок, 21 февруари 2025

Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска во Дојран присуствувал на средба по повод вчера одржаната симулациска вежба за прекугранична контролирана испорака, што во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја била реализирана од страна на македонските и на грчките полициски служби.  

Симулациската вежба, во која од македонска страна учествувале полициски службеници од повеќе организациони единици при Министерството за внатрешни работи, примарно била насочена кон надградба на оперативните механизми и протоколи за операции во рамки на граничната  соработка, како и детектирање на областите за подобрување на интероперабилноста, споделувањето разузнавачки информации и друго.

Од МВР денеска соопштија дека директорот на БЈБ Јанев го поздравил одржувањето на вежбата, констатирајќи дека меѓуграничната соработка на полициските служби на двете држави е важна како за натамошно подобрување на билатералната соработка, така и во поглед на градењето на заеднички европски систем во сферата на интегрираното гранично управување. цр/ац/

Фото и видео: МВР

Остани поврзан