• петок, 05 јули 2024

Симонс: Ми треба време

Симонс: Ми треба време
Њујорк, 20 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин нетс, Бен Симонс го одигра својот прв официјален натпревар за тимот, враќајќи се на теренот откако ја пропушти целата сезона 2021/22. Симонс ноќеска мечот со Њу Орлеанс пеликанс (108:130) не го заврши натпреварот поради голем број на лични грешки, откако доби шеста опомена на почетокот на четвртата четвртина. - Ми треба време. Имав операција на грбот и останав надвор од теренот цела сезона. Се случува мозокот да каже дека треба да направам нешто, но телото не се покорува и не се придржува до желбата, рече Симонс. Австралиецот постигна четири поени оствари по пет скокови и асистенции и имаше три загубени топки. зс/

Остани поврзан