• понеделник, 23 декември 2024

Симовски - Близнаковски: Интересот за самопопишување на дијаспората постојано расте, институциите се на располагање за сите прашања и дилеми 

Симовски - Близнаковски: Интересот за самопопишување на дијаспората постојано расте, институциите се на располагање за сите прашања и дилеми 
Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, денеска одржаа работен состанок посветен на тековните активности поврзани со самопопишувањето на македонските државјани. Самопопишувањето на дијаспората е во тек од 1-ви март, а ќе заврши на 21-ви април. Како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, утрово, бројката на самопопишани изнесуваше 137.111 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102  за само еден ден. На состанокот било истакнато дека двете институции се задоволни од досегашниот одѕив и очекуваат оваа бројка да се зголемува постојано. Државниот завод за статистика, како и Агенцијата за иселеништво, се посочува во соопштението, се во редовна комуникација со дијаспората и постојано се достапни за одговор на сите нивни прашања и дилеми. - Двајцата директори уште еднаш ја истакнаа важноста од попишувањето на македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство. На тој начин тие имаат можност да се впишат во базата на нерезидентно население, а овие податоци на државата и се потребни за соодветно планирање и подобрување на услугите кои дипломатско-конзуларните претставништва ги нудат, како и за подобрување на политиките внатре во државата, се наведува во соопштението. Директорот Симовски и директорот Близнаковски апелирале до сите чинители во општеството да се приклучат на повикот кон дијаспората да ја искористи оваа едноставна можност и да се попише во што поголем број. цр/скс/

   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан