Симиќ: Со вистински пристап од почеток може да се надеваме на добар резултат
- Македонската кошаркарска репрезентација веќе втор ден е во романскиот град Орадеа
Орадеа, 11.август 2025 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација веќе втор ден е во романскиот град Орадеа. Во среда македонскиот тим го игра третиот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Противник (домаќин) ни е селекцијата на Романија, која на 2.август славеше победа во Куманово.
- Романија е добро позната репрезентација за нас бидејќи пред десетина дена се сретнавме со нив во Куманово, на наш терен каде што бевме многу блиску до победа, а натпреварот беше одлучен во последните две минути. Мислам дека со вистински пристап од почеток на натпреварот до крајот може да се надеваме на добар резултат. Во Куманово покажавме дека можеме да играме против секоја репрезентација мислам дека и овде во Орадеа имаме големи шанси за победа. Пристапот кон мечот и енергијата која ја краси оваа, доста подмладена репрезентација, треба да ни дадат поголема шанса за успех на ова второ по ред гостување во претквалифиакциите, изјави центарот Теодор Симиќ.
Натпреварот се игра во Арена „Орадеа“ в среда со почеток во 18 часот.
Фото: КФСМ