Симиќ повеќе не е тренер на Шкупи
- Тони Симиќ е првиот тренер од Првата македонска кошаркарска лига кој ја напушти функцијата. Шкуши и Симиќ ја прекинаа соработката по само три одиграни кола.

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) – Тони Симиќ е првиот тренер од Првата македонска кошаркарска лига кој ја напушти функцијата. Шкуши и Симиќ ја прекинаа соработката по само три одиграни кола.
- КК Шкупи соопштува дека со меѓусебен договор главниот тренер на клубот Тони Симиќ ја раскинува соработката со клубот. Клубот му се заблагодарува на Симиќ за неговата работа и посветеност додека беше тренер на екипата и му посакуваме успех во кариерата. Благодариме Тони, стои во информацијата на Шкупи.
По три одиграни кола Шкупи е без победа. Загуби од МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Чаир.
Заедно со Вардар, Шкупи е на дното на првенствената табела. зс/
Фото: КК Шкупи