Симиќ во идеалните пет на шампионатот во Скопје
- Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ, во гласањето на тренерите на сите 20 селекции е избран во најдобрата петорка на Европското првенство во Скопје.

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ, во гласањето на тренерите на сите 20 селекции е избран во најдобрата петорка на Европското првенство во Скопје.
Финалниот меч против Чешка, Симиќ го заврши со 23 поени, седум скока и четири асистенции, а просекот на првенството му е 16 поени, 9.1 скок и 2.9 асистенции.
Освен Симиќ, во идеалната петорка на евро-шампионатот Б-дивизија се најдоа уште Чесите, Ондреј Свец и Ондреј Хустак, потоа Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина.
За МВП на првенството е прогласен Свец. зс/