Симеоне: Атлетико одигра неверојатен натпревар против Реал
- Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне им оддаде признание на неговите фудбалери за прикажаното на синоќешниот натпревар со Реал.

Мадрид, 13 март 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне им оддаде признание на неговите фудбалери за прикажаното на синоќешниот натпревар со Реал.
Атлетико по основните 90 и дополнителните 30 минути имаше 1:0, но загуби на пенали (2:4) и е елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите.
- Мислам дека одигравме многу добар натпревар. Борбата беше едноставно неверојатна. Горд сум на моите играчи. Задоволен сум што се бореа на примерен начин. Да, не успеавме да го победиме Реал во Лигата на шампионите, но тие секогаш имаат тешки битки против нас. Одигравме неверојатен натпревар со енергија, физичка и тимска игра во изобилство. Имавме противник со многу добри играчи. Кога си елиминиран, не е лесно да си позитивен, но моите фудбалери заслужија аплауз. Навивачите беа со нас цел натпревар. Тоа беше убав ден. За жал, не успеавме да одиме понатаму, но си заминувам со чувство на спокој, изјави Симеоне по мечот со градскиот ривал.
Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде ќе игра против Арсенал. Првиот натпревар ќе се игра во Лондон на 8 април, а реваншот во Мадрид на 16. зс/
Фото: ЕПА