• недела, 22 декември 2024

Силјановска-Давкова од Штип: Од вас зависи што ќе се случи на 24 април, очекувам политички земјотрес, а на 8 мај вулкан

Силјановска-Давкова од Штип: Од вас зависи што ќе се случи на 24 април, очекувам политички земјотрес, а на 8 мај вулкан

Штип, 22 април 2024 (МИА) - Ви ветувам дека на 24 април и на 8 мај повторно ќе славиме на сите плоштади, доаѓа времето на градителите на Македонија, татковината не се менува, таа се наследува,  немаме друга и мора да ја сочуваме гордата татковина Македонија, рече пред штипјани канидатката за претседател, подржана од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Зборувајќи за политичките опоненети рече дека државата не може да има полза од човек кој нема свој став, кој секогаш се согласува пред да го прашаат.

-Првиот премиер вториот премиер, оној неформалниот премиер, господинот Ахмети и секогаш истото го прави со сите однадвор. Видете не смееме идоли  да правиме од меѓународните претставници, да треба да сме дипломати, но сепак ние иаме право, иако живееме во мала прекрасна држава да ги изложиме и да ги браниме, државните и национални инетреси, рече Силјановска Давкова.

Таа истакна дека власта не се однесувала демократски, туку автократски, дека престедарелот не смее да се отуѓува од граѓаните. Пред штипјани кажа дека ќе се консултура со народото во народните канцеларии, за кои рече дека сега ги нема, во обраќања во Собранието и особено ќе води сметка за усогласена политика. Во однос на ингеренциите на престедателот, кажа дека на судството му се потребни реформи, дека е важно да дојдат истаканти правници и најави дека надвор ќе одат вистински дипломати од кариера.

-Од вас зависи што ќе се случи на 24-ти јас реков очекувам политички змејотрес, и на 8 мај вулкан, а потоа ќе се смират македонските води и мирно ќе тргнеме во демократски промени, рече Силајновска- Давкова.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Штип повика на мобилизација.

-Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  во Штип.

 Тој упати порака и до младите и додаде дека не ја прифаќа тезата дека се незаинтересирани за политиката, туку какошто рече многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина.

-Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите, вели Мицкоски.

Носителот на листата за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки порача дека  овие избори се и за тоа да ја вратиме Македонија. Македонија која има надеж и иднина. Македонија на луѓе со гордо кренати глави и сила која создава промени.

-Стојам овде пред вас и ви велам овие избори се последната шанса да си ја спасиме државата. Затоа е важно да излезете и гласате. А првиот чекор е веќе во среда. Во среда не се само претседателски избори, туку првиот голем удар за детронизирање на оваа власт. Затоа ве повикувам сите луѓе од Штип, од славниот исток,  да излеземе и масовно заеднички да испишеме историја за денот кога народот ја вратил Македонија во своите раце, вели Ковачки.

Ковачки додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план за работа и конкретна понуда содржана во програмата Платформа 1198 каде луѓето се на прво место. На завршниот митинг на ВМРО ДПМНЕ за првиот круг на претседателските избори пред штипјани се обратија и кандидатите за пратеници, Душко Иванов и Никола Мицевски. вдј/са/

Фото: МИА и ВМРО ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан