• вторник, 19 ноември 2024

Силно невреме ги зафати Италија и Словенија

Силно невреме ги зафати Италија и Словенија

Рим/ Љубљана, 28 август 2023 (МИА) - Центарот на Трст денеска беше поплавен откако силен дожд и невреме го погодија овој североисточен италијански пристанишен град, а невремето потоа се префрли во соседна Словенија, каде поради поплавите во неколку области мораа да интервенираат пожарникарски екипи. Евидентирани се и прекини во електричната енергија, јавува „24сата“.

Многу граѓани и туристи во Трст се засолниле во угостителските објекти на и околу крајбрежниот плоштад „Италијанско единство“.

Ветровите однесоа многу маси и друг мебел од кафулињата на отворено.

Невремето во рок од само 20 минути исфрли огромно количество вода врз центарот на градот, по што небото се расчисти.

Северна Италија и денеска се соочува со многу силно невреме, што почна за време на викендот, со многу провинции погодени од дождови, грмотевици, силни ветрови и лизгање на земјиштето, меѓу другите екстремни случаи.

Висок водостој е забележан и во Венеција, која се наоѓа појужно.

Од другата страна од земјата, во северозападната провинција Пиемонт, пожарникарите и полицијата мораа да интервенираат со плуг за да ослободат неколку автомобили заробени во снегот во планинскиот премин Коле Дел Анџело, во близина на градот Кунео, на границата меѓу Италија. и Франција.

Повредени нема, возилата подоцна се спуштиле во долината, а патот се уште е затворен.

Критична е ситуацијата и во Ломбардија на северот, каде поради делумни поплави се евакуирани десетина лица.

Екстремните временски услови го нарушија и националниот сообраќај, а државниот патен оператор Анас најави затворање на три главни патишта во северните провинции Ломбардија и Пиемонт.

Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат околу пладне поради поплави во областите на Толмин, Нова Горица, Загорје об Сава, Лашко, Велење и Целје, пишува словенечката агенција СТА.

Прекини на струја се забележани во словенечкото приморје, а невреме со град е регистриран во градот Ајдовшчина.сд/

фото:Скриншот од Твитер

 

Остани поврзан