Силен земјотрес ја погоди Црна Гора
- Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Никшиќ.

Подгорица, 14 март 2024 (МИА) - Силен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, утринава, околу четири часот, ја погоди Црна Гора, јави МИНА.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Никшиќ.
Земјотресот е регистриран во 4,06 часот, на длабочина од десет километри, а бил почувствуван низ цела Црна Гора.
На веб-страницата на Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија се уште нема информации за земјотресот. сд/
Фото: ЕМСЦ принтскрин