Силен земјотрес регистриран во близина на Индонезија
- Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Индонезија

Џакарта, 22 април 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Индонезија.
Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 117 километри во близина на индонезиските острови Талауд. По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива