Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Иран
- Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихетровата скала денеска е регистриран во југозападен Иран, јави иранската државна телевизија.
Техеран, 17 февруари 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихетровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Иран, јави иранската државна телевизија.
Британските медиуми пренесуваат дека засега нема информации за повредени.
Иранската државна телевизија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Сисакт. сд/