Силвињо нов селектор на Албанија
- Албанската фудбалска федерација постигна договор со бразилскиот стручњак Силвињо да ја водиА- репрезентацијата. Четириесет и осумгодишниот Бразилец е без ангажман од февруари 2022 година.

Тирана, 3 јануари 2023 (МИА) - Албанската фудбалска федерација постигна договор со бразилскиот стручњак Силвињо да ја водиА- репрезентацијата. Четириесет и осумгодишниот Бразилец е без ангажман од февруари 2022 година.
Силвињо ќе го замени Италијанецот Едоардо Реј на селекторското место на албанската репрезентација.
Негови помошници ќе бидат Аргентинецот Пабло Забалета и Бразилецот Дорива.
Договорот со Силвињо е со важност до крајот на Евро 2024 година.
Претходно, Бразилецот работеше со Коринтијанс и Лион, како и помошник селектор во бразилската репрезентација. зс/