• недела, 22 декември 2024

Сикорски го повика рускиот амбасадор: Ќе бараме објаснување како руските ракети упаѓаат во нашиот воздушен простор

Сикорски го повика рускиот амбасадор: Ќе бараме објаснување како руските ракети упаѓаат во нашиот воздушен простор

Варшава, 25 март 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски денеска изјави дека од рускиот амбасадор во Варшава, кој беше повикан во Министерството за надворешни работи, ќе биде побара да објасни како руските крстосувачки ракети насочени кон Украина упаѓаат во полскиот воздушен простор.

„Тоа е веќе (не знам) кој по ред таков инцидент. Тоа е апсолутно недозволиво. Ќе бараме објаснување, но секако ќе добиеме некаква демагогија“, изјави Сикорски за полските медиуми.

Во раните зори вчера, за време на силниот напад на Украина, руска крстосувачка ракета насочена кон областа околу Лавов, во близина на границата на Украина со Полска, навлегла 39 секунди, околу два километри во територијата на Полска.

Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш рече дека се активирани сите системи за противвоздушна одбрана и дека летот на ракетата бил следен од радари, како и од дежурни полски и сојузнички борбени авиони.

„Ние го разгледуваме секој инцидент поединечно. На какво било навестување дека ракетата е насочена кон која било цел во Полска, секако дека би ја уништиле таквата ракета“, изјави вчера Кошњак-Камиш. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан