• недела, 22 декември 2024

Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома

Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома

Атланта, 23 август 2024 (МИА) – Неколку членови на американската тајна служба од областа Питсбург, како и еден кому му беше доверено однапред да прегледа се што е поврзано со безбедноста на предизборниот митинг на Доналд Трамп, се префрлени во административни должности и наредено им е да работат од дома, изјави денеска за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Дури и по оставката на нејзината директорка, Тајната служба продолжува да се соочува со критики за пропустите што доведоа до тоа што напаѓачот на 13 јули да испука осум куршуми кон поранешниот претседател, а сега повторно кандидат за функцијата, при што му го повреди увото и уби посетител на митинг на кампањата на Трамп во Батлер, Пенсилванија.

Тајната служба е под голем притисок од американски конгресмени да ги дисциплинира или отпушти оние кои беа вклучени во безбедносните подготовки за митингот на Трамп.

Вршителот на должноста директор на тајната служба Роналд Роу им рече на конгресмените дека неговата идеја е да почека да заврши истрагата пред да преземе какви било дисциплински мерки.

Тајната служба како агенција беше предмет на повеќе истраги, вклучително и внатрешна ревизија, конгресна истрага и истрага од независна комисија формирана по налог на американското Министерство за одбрана.

– Тоа е превид на Тајната служба. Тој кров требаше да биде обезбеден, им рече Роу на новинарите овој месец, што е јасна промена во тонот од деновите по обидот за атентат на Трамп, кога Тајната служба го впери прстот кон локалната полиција затоа што не внимавала на неуспешниот атентатор на Трамп, Томас Крукс.

Крукс пукаше со пушка од необезбеден кров на напуштена зграда на само 300 метри од бината. Претходно го истражувал теренот со дрон. јт/

Остани поврзан