Си-ен-ен: Адвокатите на Трамп го користат помилувањето на Хантер за да ја отфрлат пресудата на Трамп
- Адвокатите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, го користат помилувањето на претседателот во заминување Џо Бајден на неговиот син Хантер, за да тврдат дека пресудата на Трамп треба да биде отфрлена пред судот во Менхетен во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, јави Си-ен-ен
Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) – Адвокатите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, го користат помилувањето на претседателот во заминување Џо Бајден на неговиот син Хантер, за да тврдат дека пресудата на Трамп треба да биде отфрлена пред судот во Менхетен во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, јави Си-ен-ен.
Адвокатите на Трамп во судската пријава поднесена пред два дена наведоа дека Бајден во текстот на помилувањето на Хантер истакнал тој е „неправедно гонет“ и „поинаку третиран“ на суд само затоа што е негов син.
Адвокатите Тод Бланч и Емил Боув, кои Трамп ги избра за највисоки позиции во Министерството за правда во неговата нова администрација, тврдат дека Бајден го осудил Министерството со тие коментари, а окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, се занимава со истиот вид „политички театар“. ми/
фото: МИА архива