• недела, 22 декември 2024

Сибиха: Иднината на светот се решава во Украина

Сибиха: Иднината на светот се решава во Украина

Брисел, 13 ноември 2024 (МИА)  - Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Брисел изјави дека во Украина се решава иднината на трансатлантската и глобалната безбедност.

-Мораме да ја запреме руската агресија со сила на оружје, санкции и дипломатија. Овој момент е критичен. Оваа војна не е само за Украина. Иднината на трансатлантската и глобалната безбедност се решава во Украина, а Русија користи ирански беспилотни летала. како што рековте, и севернокорејски трупи за да ја нападнат Украина. За возврат, таа обезбедува помош за тие режими, рече Сибиха.

Украинскиот министер истакна дека оваа војна ја поткопува безбедноста во Југоисточна Азија и на Блискиот Исток.

-Сето ова е поврзано. Ако сакате да обезбедите долгорочен мир и стабилност во Европа, Азија и на Блискиот Исток, треба да ја натераме Русија да ја прекине својата агресија. За ова ни треба повеќе единство и цврсти одлуки, рече тој.

Сибиха ја искористи можноста да му се заблагодари на Блинкен што беше со Украина „на секој чекор“ за време на 994-те дена руска агресија, пренесе Стејт департментот.

Тој, исто така, рече дека Украина работи со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот тим, како и со администрацијата во заминување, и дека земјата „многу ја цени помошта на САД“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан