• петок, 05 декември 2025

Сибиха: Владимир Путин се потсмева на напорите на САД за мир

Сибиха: Владимир Путин се потсмева на напорите на САД за мир

Киев, 7 мај 2025 (МИА) – Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека треба да се изврши посилен притисок врз Москва за да се запре нејзиниот терор врз Украина.

Шефот на украинската дипломатија го изрази овој став на Х по уште еден руски напад врз Украина.

Сибиха истакна дека Русите повторно го нападнале Киев, при што во нападот загинале најмалку две лица, а неколку биле ранети.

Покрај тоа, Русија ноќеска го нападна и регионот Запорожје, како и други региони.

- Путин одговара со брутални напади на безусловниот предлог на Украина за 30-дневен прекин на огнот. Тој намерно се потсмева на напорите на САД за мир, напиша Сибиха на Х.

- Треба да се изврши посилен притисок врз Москва за да се запре овој терор, нагласи шефот на украинската дипломатија. јт/

Остани поврзан