• сабота, 18 мај 2024

СЗО: Силно сме загрижени од ескалацијата на смртни случаи од новиот коронавирус

СЗО: Силно сме загрижени од ескалацијата на смртни случаи од новиот коронавирус
Женева. 1 април 2020 (МИА) - Светската здравствена организација денеска предупреди дека има речиси експоненцијална прогресија на пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, додека бројот на смртните случаи се зголеми за повеќе од двојно за една недела во светот. - Јас сум длабоко загрижен од брзата ескалација и ширењето на заразата во светот. Бројот на смртни случаи се зголеми за повеќе од двојно во текот на изминатата недела. Во наредните денови ќе достигне еден милион потврдени случаи и 50.000 смртни случаи, рече извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус за време на видео конференцијата во Женева. зш/

Остани поврзан