• понеделник, 23 декември 2024

СЗО ќе се бори против поплавата од „опасни“ лажни вести во екот на пандемијата

СЗО ќе се бори против поплавата од „опасни“ лажни вести во екот на пандемијата
Женева, 21 јули 2020 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе собере научници и експерти од повеќе области за борба против дезинформациите, што е релативно нова опасност за јавното здравство, јави ДПА. Научниците од повеќе дисциплини, што се движат од математика до ИТ, социологија, психологија, здравство и комуникации, треба да бидат дел од проектот, соопшти СЗО на крајот на денешната онлајн конференција, без да даде дополнителни детали. Германската агенција пренесува дека соработката ќе се фокусира на новото поле на истражување, што СЗО го нарекува „инфодимиологија“. Шефот на СЗО, Тедрос Адханом Габриејсус на почетокот на пандемијата предупреди на „инфодимијата“ што се закануваше дека ќе ги преплави луѓето со информации, дезинформации и вознемирувачки теории на заговор. Инфодимиологијата има за цел да проучи како најдобро да се менаџира оваа закана. Без разлика дали се вистински или лажни, прекумерното количество информации може негативно да влијаат врз здравјето на луѓето, смета СЗО, а зголемувањето на стресот и евентуално присилување на луѓето да земаат совети може да бидат опасни. „Никогаш не било појасно дека комуникацијата е важна интервенција во јавното здравство, што придонесува за контрола на пандемиите, заедно со епидемиологијата, вирологијата и клиничкото управување“, се наведе во сопштението на СЗО во пресрет на конференцијата. Нејасните и погрешни информации може да ја „загрозат довербата“ во здравствените власти, соопшти ДПА. сд/

Остани поврзан