• четврток, 26 декември 2024

СЗО: Човештвото мора да се научи на соживот со коронавирусот

СЗО: Човештвото мора да се научи на соживот со коронавирусот
Њујорк, 6 јуни 2021 (МИА) - Глобално искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, изјави Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19. - Човештвото ќе мора да научи да коегзистира со овој вирус, спречувајќи го нагло да еруптира и да предизвика жаришта на болеста. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот, изјави д-р Набаро за Скај Њуз. Тој додаде дека се испитуваат извештаи за непалска варијанта на вирусот. - Секој пат кога ќе избувне одеднаш, тоа предизвикува мисла во нечиј ум дека може да се појави нова варијанта. Тоа не би било изненадувачки. Набаро рече дека тоа ќе биде „шемата во иднина и дека вирусот нема наскоро да исчезне, туку ќе се појават варијанти. ссм/

Остани поврзан