• петок, 17 мај 2024

СЗО објави над 700 напади врз здравствени установи во Украина

СЗО објави над 700 напади врз здравствени установи во Украина
Киев, 21 ноемв ри 2022 (МИА)  - Светската здравствена организација денеска соопшти дека регистрирала 703 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, јави ДПА. „Ова е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и правилата за војна“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во Киев. Според него, ова е најголемиот напад врз здравствената заштита на европско тло од Втората светска војна. „Континуираните напади врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални,  немаат вода и електрична енергија за да се задоволат основните потреби“, рече тој. Според него, „половина од енергетската инфраструктура на Украина е или оштетена или уништена“. „Денес 10 милиони луѓе - четвртина од населението - се без струја“, рече Клуге. зш/

Остани поврзан