• недела, 22 декември 2024

СЗО има потреба од 31,3 милијарди долари во текот на следната година

СЗО има потреба од 31,3 милијарди долари во текот на следната година
Женева, 26 јуни 2020 (МИА) - Коалицијата што се бори против коронавирусот, предводена од Светската здравствена организација, има потреба од 31,3 милијарди американски долари во текот на следната година за да развие и спроведе тестови, третман и вакцини, соопшти денеска организацијата. СЗО соопшти дека досега се собрани 3,4 милијарди американски долари, но дека недостигаат 27,9 милијарди американски долари, од кои 13,7 долари се итно потребни. „Иницијативата на СЗО има за цел да ја зголеми испораката на 500 милиони тестови и 245 милиони планови за третман на земјите со ниски и средни приходи до средината на 2021 година“, се наведува во соопштението. СЗО исто така, како што се додава, има за цел до крајот на 2021 година зголемување на испораката на две милијарди дози вакцина, вклучително и една милијарда дози што треба да ги купат земјите со ниски и средни приходи. паг/    

Остани поврзан