• четврток, 18 јули 2024

СЗО: Дури 95 проценти од ПЦР тестовите даваат точен резултат

СЗО: Дури 95 проценти од ПЦР тестовите даваат точен резултат
Женева, 15 декември 2020 (МИА) – Точноста на ПЦР тестовите за новиот коронавирус се околу 95 проценти точни, изјави претставничката на Светска здравствена организација во Русија, Мелита Вујнович. Таа истакна дека ПЦР тестовите се еден од најточните методи за анализа. - Преку проектот на Фондот за иновативна дијагностика беа анализирани 22 светски системи, сите покажаа точност од 95 отсто, истакна Вујнович. Таа наведе дека голем број фактори влијаат врз резултите од тестот, како што е од каде се набавени материјалите, како се транспортирани и складирани тестовите, дали е проверен тест-системот во лабораторија или не, како и дали е подготвен пациентот за тестот. Во исто време специјлниот претставник на СЗО, Дејввид Набаро за Скај њуз изјави дека новата мутација на Ковид-19, откриена во Велика Британија не претставува поголема опасност за луѓето иако можеби е позаразна. - Изгледа дека мутацијата е позаразна, но не изгледа поопасна, посочи Набаро. ми/

Остани поврзан